Неверојатен сон од кој со сигурност ќе се наежите. Нема врска дали сте југоносталгирачри или не, тоа заедничко здружување на балканските држави сепак значи подобар економски прогрес отколку поделени и омразени едни со други.
Раперот Харис Рахмановиќ во својот нов хит наречен „Југосталгија“ ја замисли Југославија како нераспадната до ден денес живеејќи во хармонија и силна економска стабилност. Таа денес би била посилна и од Европската унија на која без двоумење би ѝ ги одбила условите за воведување на капитализам.
Раперот Харис вели дека политиката не го интересира бидејќи е премногу сложена за него. „Јас сум дете од младата генерација која размислува за љубов и спојување“. Овој 25-годишник дефинитивно има убав сон кој можеби некогаш за педесетина години ќе биде доста блиску до реланоста ако целиот балкан влезе во европска унија. Како и да е, видео спотот е прилично интересен и може да го погледнете подолу:
Патем, на видеото забележавме една интересна фотографија: