Како да ги исклучите видео рекламите на “Фејсбук”?


„Фејсбук“ неодамна започна да користи автоматски видео реклами. Знаеме дека се здодевни, па пронајдовме начин како да ги исклучиме. Што треба да направите за да се ослободите од нив – пренесува Факултети.мк

За компјутерската верзија на „Фејсбук“, потребно е да ја пронајдете опцијата „Видео“ во „Подесувања“ (Settings). Притиснете овде за бидете пренасочени таму. Следниот чекор е исклучување на опцијата. Корисниците на прелистувачот „Сафари“ треба да користат друг прелистувач за да ја исклучат опцијата.

20140418-kako-da-gi-iskluchite-video-reklamite-na-fejsbuk-2

За жал, не постои можност за целосно исклучување на рекламите за мобилните системи. За телефоните на „Андроид“ може да се исклучи можноста само кога не сте уклучени на „Wi-fi“. Отворете ја апликацијата и пронајдете ги подесувањата (App settings). Притиснете на кутијата за „Auto-Play Videos on Wi-Fi Only“.

20140418-kako-da-gi-iskluchite-video-reklamite-na-fejsbuk-3

Слично, на ајфонот може да ги исклучите рекламите за случаи кога не сте уклучени на „Wi-fi“. Одете во подесувањата (Settings) и отворете ги подесувањата за „Фејсбук“. Таму ќе ја пронајдете истата опција за уклучување само кога користите „Wi-fi“.

20140418-kako-da-gi-iskluchite-video-reklamite-na-fejsbuk-4

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1