Како да ги спасиме овенатите цвеќиња?


Иако вашето цвеќе изгледа дека умира, листовите можат да заздрават доколку се стеблата цврсти и зелени, а коренот здрав.
Сте се вратиле од одмор и сте начекале „уморни“ и овенати билки…Немојте да паничите, зашто веројатно можете да ги спасите.

Се додека ќелиите се живи и можат да впиваат вода, постои надеж за овенатата билка.saksija

Најпрво, обилно полејте ја со вода, па исечете ги сосема исушените листови, за останатите побрзо да заздрават, Откако земјата ќе се исуши, налејте повторно вода, но немојте да претерате, за да не дојде до гниење на коренот. Со прст проверете ја земјата, ако е сува на допир, повторно налејте. И листовите испрскајте ги со вода, бидејќи може да помогне билката побрзо да се врати во живот. Направете чај од коприва, оладете го и додадете во саксијата. Истото можете да го направите и со оладената вода, во која се варело овошје и зеленчук, бидејќи така во земјата враќате минерали.

Стеблата се најдобар показател дали вашата билка е овената или се уште има спас. Листовите можат да заздрават доколку се стеблата цврсти и зелени, а коренот здрав.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1