Како да го декодирате мобилниот, а да не се зезнете


 Изборот на мобилни телефони во Македонија е прилично ограничен, поради високите цени како и потребата од склучување на договор со операторот на две години доколку сакате да добиете поголем попуст. Други пак се одлучуваат да купат мобилен телефон на старо или пак од мобилара, но тука е тешко да бидете стопроценти сигурни во нивната исправност и квалитет.

unock Втората пречка кога купувате телефон од операторите е тоа што на некои од нив е заклучена СИМ картичката, па така со него не може да користите друг број од друга мрежа. Тоа го зголеми бројот на луѓе кои се одлучуваат да го отклучат телефонот или популарно наречено декодирање, пишува Телефони.мк.

Во принцип оваа област не е правно регулирана но, таа услуга не може да ја добиете од самиот оператор, па мора да го направите тоа на сервис. Декодирањето зависи и од самата марка на мобилниот, па одредени телефони полесно се отклучуваат. Некои корисници сами пробуваат да го направат тоа со совети од интернет, како и барање на посебни програми и кодови за отклучување. Процедурата не е иста и за новите паметни телефони, популарно наречени смартфони кои работат на различен оперативен систем. За да ја отклучите СИМ картиката кај нив е потребно и да го декодирате софтверот. Во САД веќе оваа процедура станува незаконска иако има голем број на луѓе кои ги хакираат своите смартфони од различни причини.

apple-iphone-unlock-codesВо принцип смартфоните на системот Android се послободни во декодирањето бидејќи софтверот работи на отворена платформа и на самите производители не им пречи оваа постапка. Сосема поинаку е кај смартфонот iPhone на Apple кој работи на системот iOs. Apple има построга политика на зачувување на софтверот и евентуално отклучување на сим картичката се прави само со нивна согласност и добивање на код од нивните сервери, што ја отежнува и поскапува целата процедура.

Тука се поставуваат два различни принципи, дали да се почитува изборот на корисникот или пак правото на операторот да го заштити својот производ. По купувањето на телефонот на договор вие станувате негов сопственик, па од таму доаѓа и правото на избор на операторот по истекот на договорот. Меѓутоа оператортите по завршувањето на пост-пејд договорот многу тешко ја вршат процедурата на отклучување на сим картичката. Декодирањето најдобро е да го направите преку сервисер кој за таа услуга ќе ви наплати десетина евра во зависност од видот на телефонот и софтверот кој го користи. Декодирањето на iPhone во Македонија достигнува и до 150 евра.

Телефони.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1