Како да го исчистите ламинатот?


Ламинатот е потребно да се одржува сув, а постојат работи на кои мора да обрнете внимание при неговото чистење и заштитување од гребаници:60876264-pod-ciscenje-650x325

Исчистете со бебешки шампон

Наместо да користите разни средства, пробајте со бебешки шампон. Овој шампон е нежен и слободно користете го за да го блеснете ламинатот. Мешајте го шампонот со вода сѐ додека не добиете меурчиња, а потоа натопете еден сунѓер или крпа, но внимавајте подот да остане благо влажен.

Користете алкохол или ацетон

За потешките дамки како мастило, лак за нокти, црвено вино направете си сами средство со тоа што ќе измешате алкохол со вода. Другата опција ви е да ги поминете дамките со тоа што ќе нанесете ацетон на чиста бела ткаенина и ќе ја поминете површината.

Внимавајте со истурените течности

Ако се случи да ви се истури некоја течност, не дозволувајте подот да биде влажен, туку веднаш поминете го со сува крпа. Ако течноста остане подолг временски период, може да го обои ламинатот и да го оштети заштитниот слој.

Чистење со топла вода

Еднаш месечно поминете го подот со топла вода или штом ќе забележите дека подрачјето е валкано. Ако правевте забава  тогаш задолжително поминете го ламинатот со овој вид на чистење.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1