Карактерот на вашиот партнер влијае на вашата кариера


Истражувачите од Универзитетот во Сент Луис проучувале 4.544 лица во текот на пет години за да го утврдат влијанието на сопружникот врз кариерата на неговиот партнер. Преку прашалници кои ги пополнувале испитаниците, истажувачите ги поделиле во пет групи врз основа на пет „големи“ особини на личноста: отвореност, совесност, екстраверзија, соработливост и невротизам.mazi zeni lice

Потоа истражувачите се информирале за приходите и унапредувањата, за сексуалниот живот, за тоа колку учесниците се задоволни со својата врска, за должината на врската и за тоа кој од брачните другари одлучува за одредени активности.

Претпоставуваме дека партнерите кои заедно донесуваат одлуки за тоа како ќе го поминат слободното време, поминуваат многу повеќе време заедно и поради тоа почнуваат да попримаат повеќе особини од личноста со која се заедно – пишува во извештајот.

Откако било се измерено, истражувачите заклучиле дека најпогодна одлика на сопружникот е совесноста, барем кога станува збор за деловниот успех на неговиот партнер.

„Откривме дека еден совесен партнер е поврзан со поголемото задоволство на работа, поголемите приходи и поголемите шанси за зголемување и унапредување“, се наведува во извештајот.

Совесноста вклучува високо ниво на внимателност, добра самодисциплина и концентрираност на целите.

Луѓето кои внимаваат на секој детал и се организирани спаѓаат во оваа група.

Но и многу други фактори влијаат на успехот во кариерата. Ако едниот сопружник работи, а другиот ги обавува домашните задачи, тогаш на вработениот ми е олеснето да се концентрира само на работата.

„Личноста на партнерот е важна, бидејќи партнерот е тој кој му помага или му отежнува на својот сопружник кога станува збор за успехот на работа“.

Луѓето можат да успеат во работата не само затоа што се во брак, туку делумно благодарение на тоа каква е личноста на тој со кого се во брак – велат истражувачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1