Срцето е мускул а брзината на пулсот е мерка за бројот на стегања и опуштања на срцето во една минута.
За многумина, брзината на чукање на срцето и брзината на пулсот се иста работа. Меѓутоа, овие се технички различни бидејќи брзината на чукање на срцето ги брои стрегањата на срцето, додека пулсот ја мери брзината со која се зголемува крвиот притисок низ целото тело. За одредени индивидуалци со специјални здравствени состојби, срцето може да не произведува доволно крв со секоја контракција, па брзината на пулсот може да биде пониска од брзината на чукање на срцето. Но, тоа е исклучок.
Пулсот може да се мери над срцето, како што се слуша со стетоскоп додека пациентот лежи на својата лева страна. Нормалниот пулс на возрасен човек на ова место е 60-100 отчукувања. Овој пулс се смета за најточен од страна на лекарите. Нормалната брзина на чукање на срцето кое е одморено е од 60 до 100 отчукувања во минута. Жените имаат малку побрз пулс бидејќи машкиот срцев мускул е посилен.
На брзината на чукање на срцето може да влијаат многу фактори – возраст, големина на телото, физичка активност, состојби со срцето, дали седите или медитирате, па дури и температурата на воздухот. Најчесто, луѓето кои се физички многу активни имаат послаб пулс кога одмараат – околу 40 или подолу.
Двете најчести артерии за мерење на пулсот се радијалната артерија, која с енаоѓа во внатрешната страна на зглобот на раката, во близина на почетокот на палецот, и каротидна артерија, која се наоѓа на вратот помеѓу дишникот и вратниот мускул. Пулсот може да се измери и со ставање на прстот на феморалната артерија кај слабината и педалните пулсеви на стапалата.
Експертите предложуваат ставање на прст на една од овие артерии и броење на отчукувањата во 60 секунди. Може и да броите 15 секунди, па да помножите со четири и слично, но се смета дека најточно измерениот пулс е доколку се брои цели 60 секунди.
Факултети.мк