Како да испеглате кошула за 90 секунди?


Ако сте се успале наутро или едноставно немате време да пеглате кошула за на работа, овој трик ќе ви помогне да го забрзате процесот и за 90 секунди да бидете готови.

koshula pegla

Прво и основно, свртете ја даската за пеглање обратно, испразнете ја водата од пеглата, загрејте ја, испрскајте ја со вода и напрскајте го делот што треба да го пеглате. Ова правете го неколку пати. Притискајте силно и влечете со прстите на спротивниот крај.

Особено внимание обрнете на јаката, бидејќи таа најмногу ќе се гледа. Најпрво исправте ја и поминете ја цврсто со пеглата, а потоа превиткајте ја, па притиснете повторно за да не би се изместувала додека ја носите. Манжетните пак, откопчајте ги и испеглајте ги од внатре, само на краевите на ракавите. На крај закачете ја кошулата на закачалка малку да се олади и готово – спремна е за носење за неколку секунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1