Мрсните кујнски шкафчиња и работни површини се домаќински проблем со кој сите се соочуваат.
Веројатно и вие сте пробале да ги пребришете со средство и вода, но сепак флеките се повеќе од видливи.
Кога веќе не знаете какво средство да одберете и каква техника да пробате, ви предлагаме да го пробате трикот од ова видео.
Прво ќе се зачудите, затоа што тајната е во тоа мрснотијата да ја чистите со масло, но кога подобро ќе размислите, сосема е логично затоа што водата и маслото е невозможно да се растворат.