Единственото место кое Путин не може да го срамни со земја!


Експертите проценуваат дека, доколку се урне браната Табка, ќе бидат поплавени делови од Ирак и Сирија.

Токму таму се кријат џихадистите, бидејќи сметаат на фактот дека никој, ниту американските нику руските сили, нема да сакаат браната да ја срамнат со земја, бидејќи тоа би имало последици од огромни размери, пишува британски„Mirror”.
Браната е долга околу 4.5 километри и висока околу е околу 183 метри.sirija-640x426
Се верува дека терористите од Исламската држава во внатрешноста на браната ги држат затворениците, а Табка им служи како бункер отпорен на бомби. Во тој бункер, засолниште пронашле многу високо позиционирани команданти на џихадистите.
„Доколку браната пукне, значаен дел од Ирак би бил под вода и не би имало струја на истокот од Сирија”, рекол инжинерот Ариел Ахрам. Тоа би била еколошка катастрофа за Ирак и хуманитарна за Сирија, вели тој.
Браната Табка се наоѓа на околу 40 километри оддалеченост од Рака, престолнината на Исламската држава. Неа ја чуваат добро вооружени странски борци, а никому не му е дозволен пристап, освен на милитантите, пишува британски „Mirror”.Инаку, браната е изградена со руска помош во 1970 година и го контролира текот на реката Еуфрат. изградбата на браната создала езеро долго околу 80 километри кое го претставува најголемиот сириски резервоар за вода.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1