Како да не ви искупкаат јајцата при варење


vareno jajceВарете ги полека на тивок оган

Јајцата извадете ги од ладилник неколку минути пред варењето. Ставете ги ладна вода и варете ги полека на тивок оган, се додека не зоврие водата. На овој начин лушпата на јајцето полека ќе се прилагодува на се повисока температура и помала е веројатноста да испука.

Додадете сол во водата

Солта може да помогне лушпата на јајцето да не испука. Во водата во која се варат јајцата ставете неколку лажици готварска сол. На овој начин ќе го спречите пукањето на јајцата.

Додате оцет во водата

Во водата во која се варат јајцата да се додаде половина чаша оцет. Оцетот помага лушпата на јајцето да стане пофлексибилна и да се спречи нејзино пукање.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1