Како да не ви мирисаат чевлите – 3 едноставни финти


Омилените чевли по целодневно носење неминовно непријатно ќе замирисаат. Но, не станува збор за лоша хигиена на стопалата туку за спој на пот и чевли што создава совршена околина за бактерии.

warning-smelly-shoesЗа да го намалите или решите тој проблем не мора да ги фрлите обувките или да ги уништите со перење туку да најдете решение во вашиот дом. Ви откриваме 3 експресни решенија против непријатните мириси на обувките

1. Во внатрешноста на обувките ставете сода бикарбона и оставете да отстои цела ноќ. Наутро истресете или исчеткајте го правот и од непријатниот мирис нема да има ни трага.

2.Ако сакате дополнително да ги освежите обувките во шише со распрскувач помешајте алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал и распрскајте во обувките и оставете целосно да се исуши.

3.Во памучни чорапи ставете прашок за пециво, сода бикарбона и пченкарно брашно и ставете ги во обувките. Оставете да отстои преку ноќ, а веќе наутро обувките ќе ви бидат свежи.

365.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1