Жена среде ноќ одвлечкана од дома и одведена на абортус – поради законот за деца во Кина (Видео)


Кинескињата Лиу Синвен и нејзиниот сопруг Џу Гуочијанг се уште не можат да се помират и дојдат при себе од хоророт кој што им се случил. Имено во нивниот дом минатата недела во четири часот утрото, насилно им влегле дваесетина луѓе од Комисијата за планирање на семејство, во покраината Шандонг и ја одвлекле Синвен, која била во шестиот месец од бременоста во болницата во градот Веифанг. Таму ја натерале да потпише дека се согласува да направи абортус.

976789-kinaПотоа бебето е убиено со смртоносна инекција. Овој трагичен настан, за кој кинеската двојка одлучи да зборува јавно, е само еден од многубројните кои се счлучуваат од 1979 година, како дел од кинеската политика за создавање на само едно дете. Надлежните ја фалат како заслужна за смалување на сиромаштијата и порастот на просперитетот во нивната земја. Црната страна од ваквиот закон е тоа што тој пропишува кој градски двојки им е дозволено да имаат само едно дете, а кои две, доколку првото дете е девојче. Ваквата појава се контролира со бројни принудни абортуси и стерилизација.

Забрзаното стареење на нацијата и пореметувањето на рамнотежата меѓу половите, е една од последиците на ваквиот закон. Брачните двојки често се приморани да го планираат семејството, на начин што се одлучуваат за абортус на жанскиот фетус, како во оваа земја би добиле повеќе ценет машки наследник. Строгите прописи се нешто поблаги за малцинствата. На нив им е допуштено да имаат две деца кај оние чии родители се единци. Сепак сето ова не е утеха за двојките кои би сакале многубројно потомство. Ниту пак за жените кои како што тоа се случило со Синвен и покрај задолжителната спирала по првото пораѓање, сепак повторно некако забременуваат.

abortionНекои од овие двојки се одлучуваат да не ја пријават бременоста, и за детето, кое сепак ќе се роди, да платат казнена глоба, која често го надминува годишниот приход на семејството. Ваквата практика е толерантна, а на тоа се надеваат и Синвен и нејзиниот сопруг. Се уште не им е јасно како се дознало за бременоста која сакале да ја прикријат. Освен што на сила им упаднале во станот и ја одвлекле жената во непознат правец додека мажот го држеле на софата, преплашената Синвен, во болницата и се заканувале дека доколку не го потпише документот за абортус, нејзиниот сопруг ќе биде уапсен и дека и двајцата ќе бидат отпуштени од работа и ќе останат без ништо. Двојките кои одбиваат да се усогласат со владините политики, понекогаш им се случуваат вакви работи, а во случајот вознемирениот сопруг во периодот кога ја пронашол неговата сопрува во болницата веќе било предоцна.

Таа лежела во болничкиот кревет, а смртоносната инекција почнала да делува. „Се прашував дали бебето се уште мрда, а таа ми одовори“ – „Не многу“. „Потоа излегов надвор за да не ме види како плачам“, раскажа растажениот Гуочијанг. Тој направил снимки од својата сопруга во породилното одделение вклучувајќи ја и болната сцена како таа е лежи во креветот, а до нејзе се наоѓа портокалова кофа во кој се наоѓа убиениот фетус. „Не можев да погледнам. Да го погледнев ќе ми беше уште потешко“, изјавила Синвен која додаде дека и недостига нејзиното бебе. Во кофата се наоѓало машко бебенце кое што требаше да му биде брат на нивниот десет годишен син Јунфенг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1