Како да препознаете дете кое користи дрога


Како да знаете дали вашето дете или пријател користи дрога?

Физички знаци:

droga-630x472– Губење на тежина, бледо лице, темни кругови под очите или црвени очи, честата употреба на капки за очи;

– Необјаснет осип на кожата, постојана кашлица, чести настинки;

– Промена на навиките во спиење и јадење;

– Занемарување на личната хигиена;

– Очигледна интоксикација, мирис на алкохол или други опојни дроги.

Промени во однесувањето:

– Зголемена побарувачката за пари;

– Нови пријатели, лажење или таинственост, мистериозни телефонски повици;

– Напуштање на работа или престанок на работниот однос, проблеми со посетување настава;

– Напуштање на хобито или активност која ја практикувале во слободно време;

– Промена на расположението ( ненадејни изливи на бес, тага и депресија, напади или неконтролирана радост );

– Вербална и физичка злоупотреба на членовите на семејството;

– Тенденцијата кон изолација и осаменост;

– Кражба или загуба на скапоцености, употреба на алкохол и лекови.

Работи на кои треба да се посвети внимание:

– Поседување на алкохол или наркотични средства, вклучувајќи семки марихуана;

– Плакнење на устата, употреба на освежувачи за здив или капки за очи;

– Парчиња од скршени стаклени шишиња, луле, огледала, алуминиумска фолија, жилети, траги од оган на лажичка ;

– Изгореници или дамки на кожата и облеката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1