Како да препознаете генетски модифицирана храна во продавниците и на пазарите?


Кога купувате овошје и зеленчук, можете ли да разликувате кое е органско, а кое ГМО?

ГМО храната е поубава, со посилни бои, без оштетувања – со совршен изглед. Меѓутоа, дали разликата е толку очигледна?

Неколку луѓе ја тестирале храната не знаејќи дали примерокот кој го пробуваат е ГМО или природен. Погледнете како ги оцениле производите кои ги пробале и дали забележале дали се работи за ГМО или не.946923_654881604525903_1427829037_n-640x480

Џејсон Калтон, нутриционист кој студирал на Харвард и Јел, е коавтор на книгата „Богата храна, сиромашна храна“, со сопругата Мира. Тој ја истакнува опасноста советувајќи не да се држиме до органските, свежи производи или оние кои се одгледуваат локално, а да избегнуваме ГМО производи. Запаметете дека индустриски добиеното млеко, месо и риба често потекнуваат од животни хранети со ГМО соја и пченка.

Иако ГМО производите не се обележани Калтонови велат дека постои трик за препознавање на оваа храна. Побарајте го го бројот на налепници на производите, кој се вика PLU (Product Lookup Number). Ако PLU е четирицифрен број кој почнува на 3 или 4, тоа значи дека производот не е ГМО, но настанал на фарма која користи хемикалии и пестициди.

Доколку бројот на налепниците има пет цифри кои започнуваат со 9, тоа значи дека производот е органски, создаден без хемикалии, пестициди, односно генетски модификации.

„ Можете со мирна совест да ги купувате овие производи“, вели Калтон.

Но, производите означени со петоцифрен број кој почнува со 8 се генетски модифицирани.

„ Тие се неприродно создадени“.

Поради фактот дека ГМО производите се широко распространети и вообичаено не се обележани, речиси е невозможно сосема да ги избегнете. Меѓутоа, ова овошје и зеленчук е ретко генетски модифицирано: лук, ананас, грашак, манго, аспарагус, модар патлиџан, киви, зелка, благ компир, лубеници и печурки.

Следните производи имаат далеку поголеми шанси да бидат ГМО: јаболки, целер, пиперки, праски, јагоди, грозје, спанаќ, краставици, боровинки, компири, боранија, кељ, портокали , пченка, тиквички, цреша и лути пиперки.

ГМО храната е воглавно поубава, округла, сјајна, производите се со еднаква големина, сјајни бои, без оштетувања и без ни малку скапаност.

Кај природниот зеленчук е поинаку, исто како што сите не сме еднакво високи, дебели или слаби.

Ве советуваме да купувате неправилно овошје и зеленчук кое изгледа грдо.

Многу е важно овошјето и зеленчук да се со различни бои и облици. Нема врска ако зеленчукот и овошјето е накде удрено или е малце скапано, затоа што тоа значи дека е
живо и природно.

На полиците каде се наоѓа вакво овошје и зеленчук, мали се шансите да има ГМО производи.

Игнорирајте ги убаво пакуваните производи

Всушност профитабилноста на ГМО производите им овозможува на производителите да потрошат повеќе пари за поубави пакувања.

Информирајте се на интернет во врска со тоа кои земји одгледуваат ГМО.

Ако некој производ потекнува од земјата која произведува ГМО, големи се шансите производот да е ГМО.

Земји кои забраниле увоз и производство на ГМО се Франција, Швајцарија и Унгарија.

Најголеми производители на ГМО се: САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија, која дури прави и ГМО памук.

Пробајте да го исфрлите од исхрана се она што би можело да е ГМО

Во најголем број од случаите тоа е месото од животни кои се хранети со ГМО храна или популарни закуски или чипсови затоа што на големите компании повеќе им одговара
суровините да бидат со еднаква големина и состав.

Генетски модифицираната храна е најефтина, додека здравата храна е обично неверојатно скапа, затоа најчесто е недостапна на сиромашниот дел на населението.

Старо правило за чување на здравјето е конзумирање на сезонско овошје и зеленчукк. Ако во продавница се наоѓа зеленчук или овошје кое не е во сезона, тогаш тоа е често
увезено (каде треба да се обрне внимание од која земја доаѓа производот) или растено во оранжерии (пластеници) со употреба на некоја био-технологија, подобрувачи на раст и пестициди.

Скоро 92% од сојата на светот е ГМО

Според податоците на ИСААА и Европската Унија од 2007 година светското производство на соја било 58.6% генетски модифицирано (ГМО), во 2010 година, изнесувало 80%, до
денес – 92% од вкупното светско производство е ГМО. Овој податок е прилично јасен. Многу се мали шансите дека баш вие ќе налетате на тие 8% соја која не е ГМО.

Погледнете го видеото:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1