Како да препознаете квалитетно маслиново масло?


Освен што е скапо, кога веќе давате пари подобро е да сте сигурни дека не сте добиле мешавина од соино или друго поевтино масло. Еве како да го препознаете оригиналното.

Маслата на кои не е наведен рокот на траење најчесто долго стојат на полиците, а тоа им го расипува вкусот. По правило, маслиновото масло не треба да биде постаро од една година.oliveoil1

Ладно цеденото маслиново масло се згуснува на ладно. Во ладилникот би требало да стане матно и да се згусне. Кога е на топло, пак станува потечно. Освен тоа, вистинското ладно цедено масло е запаливо и памучните нишки од газиените ламби треба да горат во вакво масло. Ако не горат, маслото не е чисто.

ПРОЧИТАЈТЕ: Ладно цедено маслиново масло – кој го користи заборава да умре – ЕВЕ ЗОШТО

Топлината и светлоста предизвикуваат побрзо расипување на маслото. Купувајте го она што се продава во темни стаклени шишиња, а откако ќе го донесете дома, чувајте го во орман, но никако во близина на шпорет или друг извор на топлина.

При изборот одлучете се за маслиново масло на кое е наведена киселост не поголема од 0,5 отсто. Така ќе бидете сигурни дека маслинките се обработени непосредно по бербата. Квалитетот се препознава и на вкус, тоа треба да биде горчливо. Но и по миризбата, се разбира, треба да почувствувате силна миризба на маслинки или трева.

Најквалитетните маслинови масла доаѓаат од Италија. Но сепак, ако купувате италијанско маслиново масло, проверете на етикетата дали тоа навистина е произведено во Италија. Се случува под италијанска етикета производството на маслото да биде во Шпанија или Израел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1