Како да преживеете во државна болница


Ќе ви дијагностицираат одредена болест, ќе ви закажат датум за операција, ќе ви кажат кога да дојдете и да се пријавите во болницата, но за доста други работи ќе премолчат. Ќе ви откриеме 10 работи кои лекарите никогаш нема да ви ги споменат и 10 совети како да го преживеете својот тамошен престој.

1. Соба
bolnica krevetБолниците не се елитни места (Евентуално некои приватни кои никој досега не ги видел затоа што за нив се нема пари).

Не очекувајте дека во собата ќе бидете сами, или евентуално со уште еден. Не. Очекувајте минимум уште двајца други, најмалку, кои се разбира не се бирани според вашиот карактер.
Доколку имате среќа, ќе се најде некој колку толку фин и тоа ќе биде некој микс од типот на фин, безобразен и изнервиран.

Сместете се себеси во категоријата која ви одговара. Доколку ви се погоди да добиете крајно незгодни цимери, а на вам тоа не ви се допаѓа, дајте им до знаење, затоа што, штом еднаш им допуштите, подгответе се за пекол до крајот на тамошниот престој.

2. Хигиена
Болниците се најнечистите места на планетата и нема средство за дезинфекија кое што може да го промени ваквото нешто.
Со себе постојано имајте си шишенце со акохол (потребен за тоалет и за рацете), сапун (антибактериски, антиалергиски и анти – се!), никако не го користите туѓиот сапун или оној во болницата, кој го користат речиси сите и покрај тоа што си имаат свој. Земете си влажни марамчиња, четкичка за заби, четка за коса и пешкир, кој никогаш не го оставајте во купатилото, ниту на дофат на рацете на останатите со кои сте во собата.

bubasvaba4. Бубашваби
Ова е Македонија и од нив нема спас. Не понесувајте отрови, можете да се отруете. Средствата за дезинфекција не помагаат, Едноставно спас е да се подготвите ментално за истите.

8. Време
Времето во болницата не е ограничувачки фактор. Тамошното време воглавно стои. Сеедно во која доба од денот, вас ви се чини дека престојот нема крај. Понесете си книга, лап топ, филмови, дискови, слушалици, доста кредити (доколку сте на постпејд) или на крајот на краиштата таблети за спиење.

3. Постелнината
dete bolnicОна што во болницата не треба да го очекувате за време на престојот, е дека ќе ви биде променета постелнината. Па колку и да е нечиста. Доколку ви се случи да по операција во која сте намачкани со јод, да ве стават во кревет, кој сигурно ќе го извалкате, не очекувајте дека некој ќе се стрча по вас и ќе ја смени постелнината.

Доколку сакате да добието нешто чисто треба да играте прљаво. Истурете го, да речеме на пример, ручекот врз креветот. Нема да имаат избор.

7. Сестрите (поврзани со негата)
Возвишени суштества, богови на земјата, началници над началниците, главни на најглавните. Не се согласувате со нив, можат да ве убијат. Обично се со дигнат нос, пренашминкани, млади или во средни години. Бидете фини и љубезни, не ги предизвикувајте и бе барајте премногу од нив. Подароците се подразбираат (поготово ако останете подолго)

dru-bolnice-hrana5. Храната
Можеби храната за животни е поквалитетна отколку онаа која што се служи во болниците. Имате чуство дека ви ги даваат остатоците, од некој кој што му останале од другата страна на планетата, а никој пред вас не сакал да ги изеде, па ви ги донеле на вас.
Нека ви подготват од дома храна, и да ви ја донесат при посетата. (Обавезно во затворена пластична кутија. Сетете се на бубачките)

6. Негата
Која нега? Во близина на креветот обично се наоѓа некое копче кое го притискате кога ви е многу лошо и на тој начин ја повикувате сестрата која што треба да ви помогне. Заборавете на тоа.

Постојат примери кои ѕвонеле цела вечер, а дури утрото ги забележале. Ги изнеле покриени со бел чаршаф. Доколку ви е навистина тешко и лошо, замолете некој од вашите цимери да ви помогне.

doktor39. Доктори
Докторите се обично во гужва и не е така лесно да можете да разговарате со нив кога ќе ви се посака.Искористете ја посетата максимално и поставете прашања на кои би сакале да имате одговор. Доколку имате некој проблем обавезно кажете го. Не чекајте да помине само од себе. Тоа чекање веројатно е и причината зашто сте се нашле таму.

10. Изборот на болница
Дефинитивно не е сеедно. Поради евентуалните тужби, нема да споменуваме никакви имиња. Само ќе предупредуме дека доколку одбиете болница со катастрофален персонал, или на лоши хигиенски услови и да се одлучите за добра квалитетна болница, не мора по дифолт да значи дека ќе добиете подеднакво добра нега. Добро размислете во изборот. Се работи за вашиот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1