Оделе на одмор во Грција – бебето загина, мајката се бори за живот – детали за несреќата


Во вчершната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија – Удово загина осуммесечно бебе на Драган и Марија Маринковиќ од Ќуприја.

soobrakajka11406544146_thumb_medium490_0Триесет и четири годишниот Драган го возел автомобилот марка „Шкода фабија“ од Србија кон Грција и транзит ја минеле Македонија. Неговата  триесет годишна сопруга Марија е во критична здравствена состојба како и неговиот брат, дваесет и четири годишниот Никола Маринковиќ.

Со скршеница на горниот дел на ногата се здоби постарото дете на Марија и Драган, кое има пет години. Според изјави на лекарите од Ургентниот центар во Скопје детето е надвор од животна опасност додека здравствената состојба на неговата мајка и чичко е сериозна поточно тие се наоѓаат во животна опасност.

Во автомобилот на Маринковиќ удрил  автомобил „ Форд фиеста“ управуван од дваесет и едно годишниот возач Рајко Радуловиќ од Ниш. Во автомобилот биле сопатниците деветнаесет годишната Милица Нововиќ и дваесет годишниот Никола Гавриловиќ исто така од Ниш.

Причините за несреќата ќе ги утврдува јавниот обвинител и полициската екипа од увидот што беше направен на местото на сообраќајката

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1