Како да проверите дали нечиј профил на Фејсбук е лажен


Честопати на Фејсбук сме имале прилика да добиеме понуда за пријателство од некој лажен профил и без да обрнеме повеќе внимание го прифаќаме пријателството.

Општо е пожанато дека 20-30% од профилите се лажни со цел да спамираат и шират вируси.

За да проверите дали новиот пријател е вистински или лажен, внимавајте на овие 5 работи:facebook+fake+users1

1. Проверете ги неговите фотографии
Преземете ја профилната фотографија од корисникот кој мислите дека е лажен, отворете ја почетната страница на Google и кликнете Images, во горниот десен агол. Кога ќе се отвори новата страница, кликнете на икончето со фотоапарат во десниот дел на пребарувачот. Ќе добиете можност за да ја ископирате адресата на фотографијата или да ја вметнете фотографијата зачувана во вашиот компјутер.
Штом ја додадете фотографијата ќе го добиете нејзиниот вистински извор и ќе видите дали е на корисникот или е преземена од некоја друга страница.

2. Број на фотографии
Повеќето лажни пријатели имаат само 1 фотографија или пак неколку фотографии.

3. Активности на тајмлајн
Лажните профили обично немаат никаква содржина или имаат само основни информации за профилната слика, пол и дата на раѓање.

4. Повеќето лажни профили се женски
Многубројни истражувања покажале дека повеќе од половина лажни профили се женски. Најчесто со провокативни фотографии и имиња.

5. Проверете ги пријателите
Во случај да немате ниту еден заеднички пријател со новиот профил, веројатно се работи за лажен. Проверете кои заеднички пријатели, групи или фан страни ги имате за да дојдете до некоја додатна информација.

Brkajrabota.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1