Кај нас 1 мај на големо се прославува и прерасна во ден на скари, излети, кампувања, забави во природа. Сето ова може да биде во голема мерка расипано од дожд. Сепак, со добра подготовка и нашите совети ќе бидете во можност да не ви се расипат мераците.
Скара
Подготовката на храна е еден од најважните сегменти на прославата. Нема да ви кажеме да земете поголем чадор и печете месо на дожд (иако имаше и такви ентузијасти), но не треба да се откажете од подготовка на храна во природа. Оваа година најдете некое одморалиште кое што има настрешница, па тука “монтирајте” скара или поедноставете ги нештата, па наместо скара подгответе гулаш или чорба во котле. (Помалку работа, а поздрава и повкусна храна). Само пред да заминете на локацијата сите состојки насечкајте ги и подгответе во чинија). Можете да земете електрична скара или онаа со капак. Некои готвачи велат дека дури дождливото време е идеално за скара, бидејќи месото поради влага во воздухот е помеко и повкусно.
Да не се мачите ако дождот истури, се што ќе земете исечкајте го уште од дома (од салатите до лебот) и спакувајте во мали садовите пред заминување.
За да се скриете
Знаеме дека за 1 мај има голема гужва по излетиштата, па можеби не ќе можете да успеете да најдете место со настрешница. Можете да земете шаторска настрешница за дворови и инсталирајте ја на место кое ќе го одберете или да монтирате поголем шатор.
Гумени чизми и мантили
Благодарение на популарниот британски Glastonberi фестивал на гумени чизми со различни шаренила, станаа многу популарни. Овој фестивал речиси никогаш не поминал без дожд, па дури и поплави. Свртете и вие дождот да “игра” за вас, направете и вие своја фестивалска атмосфера. Задолжително облечете или земете ги вашите гумени чизми и некое џемперче во случај да не застуди и почне да дува ветер. Пожелно е да се земе и мантил во колку го имате. Сите да ви се исти и пристапите кон прославата авантуристички, како храбри кампери. Не заборавете на ламба (секогаш доаѓа при рака во такви ситуации).
Облека
Нема да се преоблекувате, бидејќи на 1 мај не е место за инсталирање на модна писта, но ако врне, ако има кал, ако сè е влажно и сосем сигурно ќе сакате суви чорапи, панталони и други топли тренерки или кошула или џемперче (или јакна).
Атмосфера
Земете еден стар транзистор и инструменти. Забавувајте се играјќи и пеејќи, играјќи мноштво друштвени игри. Дождот нека ве зближи и конечно да му се изнараскажете еден со друг како отсекогаш сте сакале со пријателите.
Земе и топли пијалаци во термос, ќебиња и пакет пластични вреќи, да можете во нив набрзина се да соберете, а да не го извалкате и намокрите автомобилот кога ќе се пакувате.
Ви посакуваме добра забава! Споделете ги со нас вашите совети и анегдоти од прославата на дождливиот 1 мај!
Кукурику.мк