Се отвори најголемиот трговски центар во западна Македонија


Најголемиот трговски центар во западна македонија “Палма Мол”, кој се наоѓа на  само еден километар од градот Тетово и на триесетина километри од Скопје, денес официјално ги отвори вратите за своите потрошувачи.

ZAR_5391За време на отварањето се рализираа бројни настани наменети за сите посетители од различни возрасти а денот ќе заврши со централен преформанс во вечерните часови. Гости на официјалното отворање се познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс, кој се воедно заштитни лица на кампањата на трговскиот центар Палма Мол”.

“Идејата да го прошириме нашиот постоечки објект за двојно и повеќе не дојде само од потребата и побарувачката за проширување туку и од желбата и потребата на градот Тетово и неговите граѓани, за објект со поголем број на содржини во овој дел на Македонија. Мотивирани од оваа идеја денес гордо можеме да кажеме дека граѓаните конечно ќе можат да ги обавуваат своите секојдневвни потреби во современ трговски центар по сите светски стандарди’’ – изјави сопственикот на Палма Мол г-дин Неад Џеладини, на денешната прес конференцијата по повод отворањето на трговскиот центар.

“Палма Мол” се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на 4 нивоа со подземен паркинг кој ќе биде бесплатен за посетителите, истиот содржи 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари.

ZAR_5404

Новиот модерен трговски центар “Палма Мол”  содржи голем број локали меѓу кои се: модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови како LC WAIKIKI, LTB, ENI SWEETS, DM, DIOPTRA, WATCH ID, SHATZI, AXEL,  SWATCH, TUDORS, PENTI, ACTUAL CLUB, KEMOFARM, TTK, IL CAMINO, SPORTVISION, PAOLO BOTTICELLI, FASHION BRAND, AZZARA, STUDENT, DOCATO SHOES, GLAMUR, VASIDORA, ARENA SPORT, BUGATCHI, BIG STAR, COINCASA, FACTORY MEBEL, HAPPY STAR TOY STORE, голем салон за бела техника – PALMA TRADE, супермаркет – RAMSTOR, ресторан – EMOPORIUM и фаст фуд корнер, игротека – HAPPY STAR PLAYGROUND, кино 7D cinema и уште многу други места за забава за посетителите од сите возрасти.

Вратите на трговскиот центар за посетителите ќе бидат отворени 7 дена во недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1