Како да се справите со жешкото време


Летото веќе започна, и повторно високите температури се во полн ек. Иако изгледа невозможно, еве три совети кои ќе ви помогнат да останете свежи и да изгледате добро и во топлите денови:

zesko vremeTело – Антиперспирантот ставајте го пред спиење. Доколку го нанесувате кога брзате некаде, вашето тело веќе почнува да се поти и потешко го апсорбира. Пред спиење, телото е поладно и затоа антиперспирантот подобро делува. Наутро можете да додатете уште слој за дополнителна заштита.

Лице – За да избегнете растекување на шминката, избегнувајте да нанесувате тешка шминка за време на високите температури. За да изгледате добро, нанесете водоотпорна маскара и крема во боја. Во чантата редовно носете марамици кои ја впиваат маснотијата, тие не ја бришат шминката но помагаат да го неутрализирате сјаењето на кожата.

Коса – Летото е совршен момент малку да ја одморите косата. Доколку е природно кадрава, додадете само малку спреј за виткање, доколку е права едноставно исчешлајте ја. Кога температурите се премногу високи косата можете да ја подигнете во лесна пунџа или опавче.

Во канцеларија

Немате клима на работа? Најдобар начин за да се оладите е термална вода во спреј (може да послужи и обична кисела вода). Едноставно попрскајте во воздух и на лице и ќе се чувствувате многу попријатно.

Против потење на стапалата

На лето преферирајте да носите отворени сандали за да можат нозете во секој момент да бидат свежи. Ако сепак имате проблем со потење на стапалата, купете спреј против потење кој може да се најде во секоја добро снабдена парфимерија.

Доколку сте во автомобил, половина час пред да го завршите возењето, исклучете ја климата за да не доживеете шок кога ќе излезете од возилото.


Urbantime.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1