Како да се збогатите – цел живот работите погрешно!


Не е едноставно да се стане богат, а во тоа често се безуспешни и оние кои се обидуваат да ги следат советите на многубројните прирачници „Како да се збогатиме“.

Прирачниците нудат низа едноставни чекори со кои би требало брзо да станете богати, само ако убаво следите еден по еден совет и веќе ќе купите раскошна вила некаде на море.pari evra 33

Секако, меѓу тие силни совети има и корисни, но ниту едно од понудените решенија нема да ве направи богат преку ноќ.

Меѓутоа, книгата „Автоматски милионер“ нуди поинаков пристап. Иако насловот сугерира дека се работи за само уште една книга која ве учи на брзо богатење, не е баш така. Нејзиниот автор Дејвид Бах не нуди решение преку ноќ, туку советува како да го промените својот однос кон парите и со време да станете богати.

Бах во својата книга го опишува патот до (релативно) богатство на едно семејство и нивната одлука прво да го направат она што повеќето луѓе го оставаат за крај.

Кога го запознал главниот јунак на неговата книга, тој бил 52-годишник спремен за пензија иако никогаш во животот не заработувал повеќе од 40 000 долари годишно.

Не, не добивал на лото. Ниту наследил богатство од некој роднина. Ниту ограбил банка.

Овој човек го открил својот трик:

„Повеќето луѓе мислат дека прво што треба да направат кога добијат плата – е да ги платат сите сметки. И тогаш, ако нешто остане, да стават нешто пари на страна. Меѓутоа, всушност би требало да го прават обратното“, му рекол тој.

Она што би требало да го направите е да си исплатите нешто и на себе, па дури после на останатите.

Првиот чекор на главниот јунак било да стави малку пари на страна и дури тогаш да ги плати сметките. На него и неговата сопруга не им било лесно. Но, се дисциплинирале така што не им недостигале парите кои никогаш ни ги ни виделе.

Авторот на оваа книга го послушал неговиот совет, па почнал да става на страна еден одсто од својата заработка. Потоа се натерал на страна да става малку повеќе се додека не дошол до 20 одсто и заштедата наскоро почнала да се зголемува.

„Овде всушност се работи за мало залажување на самиот себе, но има тука некоја смисла“, вели Бах.

„Прашањето е всушност колку си верувате самите на себе и дали имате сила да заборавите колку пари навистина имате и да се правите дека имате нешто помалку“, заклучил тој.

Lider.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1