„Премногу твитате за бегалците, бришете ги пораките“


Холандската полиција посетува куќи на луѓе што на „Твитер“ пишуваат критики за азилантските центри во земјата и бараат да ги бришат постовите. Пред неколку дена извесен Марк Јонгенел (28) од гратчето Слидрехт, добил вознемирувачки телефонски повик

28 годишниот Марк Јонгенел на почетокот на оваа недела добил телефонски повик од мајка му. Жената извадена од памет, биле двајца полицајци кај нив дома со барање:

“Многу твиташ. Имаме наредба да ти кажеме да припазиш на својот тон. Твоите твитови може да изгледаат како провокација,” рекле полицајците.tvit begalci

Јонгенел на Твитер напишал

#Sliedrecht има предлог да се преземат 250 бегалци во наредниве две години. Колку лоша идеја!

,,Се чувствувам како криминалец. Никој, па ни градоначалникот не може да ми го скрати моето мислење. Не живееме во полициска држава. Секогаш внимавам на јазикот и сум против употреба на насилство за постигнување на целта. И, после с`, јас не сум фашист – изјавил Јонгенел.

Посета од полицијата имале и граѓани во Слидрехт, Леуварден, Енхеде, Брабант и во други места со твитерџии критички настроени кон доаѓањето на бегалците.Лани во октомври, на пример, во градот Леварден полицијата посетила дваесетина противници на програмата за бегалците.

Портпаролот на полицијата потврди дека постојат десет единици составени од “дигитални агенти” кои следат што се пишува на Фејсбук и Твитер и бараат постови кои “отишле предалеку”.

Граѓаните дури се жалат дека почнало да изгледа оти Холандија е на пат да стане полициска држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1