Како да заработите на Youtube – Направила милиони, претходно едвај крпела крај со крај


Повеќе од 8,2 милиони ја следат на youtube Џена Марблес, една од најголемите ѕвезди на оваа социјална мрежа.
Нејзиното вистинско име е Џена Мори и живее во куќа вредна еден милион долари во Санта Моника. Пред да се стекне со повеќе од милијарда прегледи и голем број на фанови на Фејсбук и Твитер, таа живеела во мал стан во Кембриџ (Масачусетс).

prt scr_1365944112_670x0Нејзините непосредни и забавни пораки најмногу и се допаѓаат на тинејџерите во Америка, бидејќи се занимава со работа што ги интересира само нив. Значи обработува теми на пример од типот „Работи кои ги интересираат мажите“ или „Што мислат мажите за време на сексот“, или „Како да изгледаат поубаво“.
Џена сега има и асистент и деловен менаџер, а нејзината мајка мора да се занимава со фан мејлови и да ги прифати барањата за пријатели на социјалните мрежи.
Неодамна таа дала интервју за Њујорк тајмс, како еден од најбогатата Јутјуб личност, но не сакала премногу да открие колку заработува.
„Заработувам многу повеќе отоколку што некогаш ќе ми бидат потребни во животот“, изјавила таа.

Од друга страна во летото 2010 година, врзувала крај со крај, работејќи како келнер, блогерка, танчерка во ноќни клубови и салони во соларум и покрај тоа што има диплома за спортски психолог.
Освен што се занимава со разни стрип вежби, почнала и да имитира личности како Лејди Гага, Ники Минај и Џастин Бибер.

Ова е видеото од кое започнало се –

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1