Направиле операција на мозок на мечка – мечката е одлично


331985_champa--1-500Тригодишната азиска мечка Чампа влезе во историјата како прв примерок од овој вид над кој е извршена операција на мозокот. Чампа, која живее во засолниште за диви животни во Лаос отсекогаш се издвојувала од другите мечки, уште откако била спасена како бебе.

Уште кога била мала чуварите забележале дека главата и е поголема од другите мечки, а набзо почнал да и се намалува и видот. Лекарите од засолништето „Слобода на мечките“, сместено на околу 30 километри од градот Луанг Прабанга, почнаа да се сомневаат дека Чампа боледува од хидоцефалус. Станува збор за болест која е позната и како „вода на мозокот“ и која често се опишува како „постојана мигрена“.

Во поголем број западни земји Чампа поради болеста ќе беше успиена, меѓутоа во будистичкиот Лаос тоа не е можно.Чампа подлегна на исклучително тешка шестчасовна операција која ја изведе јужноафриканскиот доктор Пици, инаку вработен во Зоолошката градина во Единбург.

331986_champa-2-500331987_champa-03-500Докторот во текот на операцијата на черепот и избуши мала дупка позади увото на мечката и со ултразвук утврди дека боледува од хидродефлус. После тоа во мозокот и се пика цевка, која под кожата се спушта се до стомакот. Таму останува се додека вишокот на течност од нејзиниот мозок не се спушти во стомакот, каде може да се апсорбира.

331988_champa-04_fУправителот на засолништето „Слободни мечки“ Мет Хант за „Нешнал географик“ изјави дека наредното утро Чампа била будна и изгледала како „потполно нова мечка“.

-Многу повеќе реагира на околината. Не можеме да потврдиме дали видот целосно и се врати, но сите веруваме дека видот и е поправен, вели Хант. Азиската мечка спаѓа во исклучително загрозени видови на животни и поради тоа често е на мета на ловокрадците. Поради тоа и постои засолништетот „Слободни мечки“.

Kurir/Blic

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1