Како и милиони други млади жени, така и Саманта Лутвејт (29) сака времето да го минува на социјалните мрежи. Сепак за разлика од поголемиот дел од своите врсници, таа на друштвените мрежи не зборува за музиката, модата или за забава, туку за најозлогласената терористичка мрежа во светот. Во моментов е на обука во терористичките ќелии во Источна Африка и се бори за нивна контрола. Таму е позната под името Бела вдовица.
Саманта доаѓа од воено семејство од Бекингемшир, и била во брак со еден од бомбашите самоубијци, учесници во нападот на метрото во Лондон во 2005 година. Меѓу нејзините лојални помошици позната е како „Dada mzungu“, или „бела сестра“. Таа стана тренер на жените бомбаши самоубијци, чии мети се во оквирот на глобалниот џихад Западњаци на Источна Африка.
Најмлада од трите деца, Саманта е родена во Даун во Велика Британија во 1983 година. Нејзиниот татко е Андреј и нејзината мајка Кристин, потекнуваат од Северна Ирска, а се развеле кога Саманта имала 11 години.
Нејзините пријатели тврдат дека разводот на родителите бил клучен настан до таму, што таа токму во исламот ја побарала утехата. Кога имала 17 години ја земала исламската вера и почнала да се облекува во склоп со исламските обичаи. Се запишала на верско и политичко школо на Факултетот за ориенталистика и африкански студии во Лондон. Во тоа време преку комуникацијата на интернет го запознала Џермајн Линдзи, роден во Јамајка, преобратен муслиман. Се венчале во Ајлезберију во 2002 година и имаат две деца.
По смртта на Жермен, Саманта изјавила дека не знаела ништо за неговите активности, а полицијата ја преместила во сигурна куќа на тајна локација, поради испитувањето.
Во 2007 година, нејзиното име престанува да се појавува во јавноста, а таа две години подоцна ја прекинува секоја врска со своето семејство. Се знае дека минатата година често патувала со фалсификуван пасош, под лажното име Натали Веб.
Повторно се јавва во јавнот минатата година, по повод бомбашкиот напад на кафич во близина на Најробија, во кој настрадаа три лица, вклучувајќи и деветгодишно момче, а ранети се 30 лица.
Во нејзиниот лов, учествувале припадници на SAS, FBI и CIA. Во меѓувреме се фатени четири џихад активистки, кои се држат во затворот со висока безбедност. Саманта до сега не е фатена веројатно поради тоа што, полицијата на границата, ретко ги запира жените облечени во исламска носија. Во исто време, не толку цврстите граници и корумпираните граничари, кои примаат само 300 фунти месечна плата, им одат на рака на екстремистите како Саманта, да им дозволат да патуваат во Африка.