Како до повисока плата уште денес?


Разговорите поврзани со покачувањето на платата за многумина се непријатни, па дури и повеќето луѓе чувствуваат страв отворено да зборуваат на таа тема. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат полесно да добиете повисока плата, сосема заслужено!

work boss3Бидете позитивни – Личноста која постојано се жали од работната позиција и работните обврски никогаш нема ниту да успее. Затоа, погрижете се да бидете што е можно повеќе позитивни бидејќи само со позитивна мисла привлекувате позитивни случувања. Веројатно и вам повеќе ви годи кога сте во друштво на позитивни луѓе и позитивни мисли, зарем не?

Побарајте го тоа што го сакате – Можеби делува очигледно, но сепак не е неизводливо! Вашиот претпоставен мора да забележи дека вие барате некакво покачување. Најдобар начин е да започнете отворен разговор во кој ќе ги објасните причините поради кои сметате дека повисоката плата е сосема заслужен и реален чекор за вашата работна позиција и обврски. Потрудете се да имате добри факти кои ќе го поткрепат ова! Дајте му до знаење на вашиот претпоставен дека сте сосема подготвени за поголеми одговорности и поголема присутност на работното место, па покачувањето ќе биде неизбежно после само неколку месеци.

Одржувајте редовен контакт и добар однос со претпоставениот – Веројатно вашиот претпоставен е често зафатен, но обидете се барем еднаш во месецот да одите со него на кафе или некоја колективна средба со цел да го запознаете подобро, но и тој вас.

Направете добра анализа што сте направиле оваа работна седмица – На крајот од секоја работна недела, запишете кои биле сите ваши неделни активности и испратете му ги на вашиот претпоставен. Веројатно нема да добиете одговор, но верувајте дека тој ќе сфати дека имате цврста цел во вашето секојдневно работење.

Дружете се со колегите – Ова е еден од подобрите совети кој може да го добиете! Тоа што некој ви е колега, не значи дека не може да ви биде и пријател! Искористете ги паузите за кратка дружба и опуштени кратки разговори. На тој начин ќе стекнете нови пријатели, а попатно и ќе откриете нови информации кои до тогаш веројатно не сте ги ни знаеле.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1