ВИДЕО: Ужас во Обреновац – градот како Атлантида, цел под вода


Во Обреновац до сега се евакуирани 2.510 лица. Мостот преку кој се влегува во градот може да се сруши во секој момент. Обреновац е во целост поплавен.

Реката Колубара која утринава се излеа ги натерала мештаните на итна евакуација, а постои закана дека мостот на влезот од градот ќе се урне.

obrenovac-500Како драматична и напната ја опишуваат српските медиуми ситуацијата во Обреновац. Центарот на грасот е целосно поплавен, а водата во некои делови ги прекрила покривите на куќите. Загрозените жители ги евакуираат војската, пожарникарите и жандармеријата со чамци и хеликоптери.

Наскоро се очекува да пристигнат 20-30 руски специјалци, а според последните информации евакуирани се 2.510 лица, а во тек е евакуација на уште 1.400 жители. Поплавени се над 900 објекти, а загрозени се уште 1.388.

Во Свилајнац и Параќин поради поплавите во градските подрачја загрозени се над 15.000 луѓе сооопштија локалните самоуправи.

– Околу 5.000 луѓе чекаат евакуација од своите домови во Свилајнац. Евакуиравме стотина лица, а уште илјада се заробени во своите довоми. Луѓето ги спасуваат, армијата, полицијата и пожарникарите, сооштија од штабот за вонредни состојби во Свилајнац.

Претседателот на општина Параќин, Саша Пауновиќ вели дека во текот на ноќта во спортска сала се евакуирани над сто лица, но оти над 10.000 луѓе се загрозени од поплавите во градовите и седум локални села. Нема струја, а водата е само за техничка употреба. Армијата и пожарникарите во текот на целата ноќ и претпладнево евакуираа загрозени и им помагаа на поплавени луѓе.

Јавното претпријатие „Београд вода“ денеска соопшти дека во изминатите 48 часа испумпале рекордни 15 милиони кубни метри вода на територија на главниот град. Екипи на тоа претпријатие до утрината во загрозени белградски подрачја проследиле повеќе од 40.000 вреќи со песок, а во тек е полнење на уште 50.000 нови и градот Обреновац целосно е под вода. До сега од тој град се евакуирани 2.500 луѓе, а непосредно се загрозени уште 1.400.

Во моментот кон Обреновац се упати руски спасувачки тим кој ќе биде дел од тимовите за спасување во тој град. Армијата на Србија соопшти дека над илјади војници се вклучени за спасувачки операции на тој град. Во Обреновац е во тек на евакуација на децата од неколку училишта и од градинките.

Според српски медиуми речиси седум илјади луѓе до моментот се евакуирани од најзагрозените подрачја во државата.

Електростопанство на Србија соопшти дека во земјата 135.000 домаќинства се без струја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1