Како е да се работи во ФЕЈСБУК: Ова се сведоштвата на поранешните вработени


Иако многумина ја сметаат за фирма идеална за вработување и започнување на кариерата, некои кои пробаа да работата во Фејсбук изнесуваат лоши искуства.

Еве најинтересни искуства на разочарано вработени:facebook 3

Не постои добра организација на работа

Голем број на вработените се алат дека е мошне тешко да се организира и работи со голем број на луѓе.

Како фирма растеме мошне брзо, но надредените воопшто не се трудат да ја стабилизираат целата инфраструктура и организираат подобри тимови.

Фејсбук се преправа како да не е голема фирма

Луѓето на водечките позиции се однесуваат како Фејсбук да е некој малечок старт ап, а не голема компанија.

Тоа е исто како Адам Сендлер во филмовите да сака да толкува улога на тинејџер. Едноставно е смешно.

Најлошо работно искуство

Привремено ме вработија во Фејсбук  додека менував една вработена која беше на породилно отсуство. Во ништо не ме упатија, а уште помалку ме поддржаа.

Бараа од мене да правам неприкладни работи

Стариот дел од тимот кон мене се однесуваше непријатно и бараа од мене да работам низа неприкладни работи, како сортирање на долна облека на еден од шефовите.

Нема јасни правила

Еден вработен тврди дека дал отказ поради тоа што по  десетдневна работа  надредениот не му дал никаква повратна информација за работата.

„Кај нив се е игра на погодување и тоа ме полудуваше“.

6.Се прават подобри од што се

Водечките луѓе на Фејсбук Mark Zuckerberg и Sheryl Sandberg,според зборовите на поранешните вработени, се преправаат дека се иновативни, а всушност само вешто ги копираат другите брендови.

Во канцелариите нема место ниту приватност

Еден вработен се жалел дека лошата работна атмосфера исклучително и штети на креативноста и продуктивноста на вработените, кои се присилени да работат во големи канцеларии каде седат едни до други – без ниту малку приватност или мир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1