Србија: УБиваат кучиња скитници за да земат пари – со оваа измама добиваат и по 1500 евра


Наоѓаат мртво куче, или убиваат куче скитник, потоа ја варат главата за месото да се одвои од коската. Черепот се суши, па на крајот со вилиците луѓето сами прават загриз по што тврдат дека се нападнати од куче и бараат обесштетување од градот.

Како што пренесува српски „Телеграф“, најчестата „тарифа“ која се зема за оваа измама е помеѓу 800 и 1,500 евра. Затоа многу луѓе ризикуваат и да добијат тешка инфекција само за да заработат пари.kuce 54t

Често се случувало луѓето и намерно да ги провоцираат кучињата скитници да ги каснат и со тоа да дојдат до пари. Во Крагујевац, овие измамници дури изработувале и метални кучешки вилици со кои си нанесувале рани, а општината во една година морала да исплати дури 15 милиони динари (над 120 илјади евра) поради „напад на кучиња скитници“.

Во ланецот на измамниците клучна улога играат и адвокатите кои најчесто добивале половина од „заработката“.

Често гребнатинките и старите лузни некои вештаци ги проценуваат како тешки повреди, а стравот кој го претрпеле “нападнатите” се израмнува со стравот кои луѓето го претрпуваат во војна. Поради ова, од општината во Нови Сад превзеле мерки за сеопфатна контрола и проверка на секоја пријава, па вкупниот износ на обесштетување бил намален на 40 проценти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1