Како е возможно да е бремена, а да не знае?!?


Според меѓународно признати студии и истражување, секоја 7225 трудница, се до самото породување, не знае дека е трудна. Ова е редок феномен кој научно тешко се објаснува.



Најчесто станува збор за жени со повеќе килограми, кои ја надминале четириесетата година од животот, а  сите симтоми во тој период ги земаат како знак за менопауза и хормонално пореметување кое е нормално за тие години.

Сепак, постојат и голем број на тинејџерки, кои, поради страв од осуда, и недостаток на сексуално образование, успеваат самите себе да се “излажат“ и да го негираат фактот дека се бремени.

-Во прашање е екстремна појава, многу ретка, бидејќи навистина е тешко да не се препознаат сите знаци кои укажуваат на бременост. Ние лекарите се прашуваме дали овие жени навистина се сосема несвесни за она што се случува со нивното тело, но понекогаш, во одредени случаи, за оваа појава има совршено логично објаснување. Тоа се жени кои поради некоја причина не се доволно запознаени со симптомите на бременост, како што е немање менструален циклус, зголемена чувствителност на градите, подуеност, нагло зголемување на  телесната тежина , запек и гадење – објаснува д-р Патриша Девин од Универзитетот Колумбија.

Здебелувањето, односно наглото зголемување на телесната тежина може да предизвика  целосно прекинување на менструалниот циклус, а во зависност од позицијата на фетусот, можно е да се помешаат клоцањето на бебето со внатрешни непријатни гасови.
Исто така, често се случува, една жена да не е емоционално и психички подготвена да има дете.

Ова особено се однесува на помлади девојки кои не сакаат да забременат. Тие можат целосно да ја потиснат идејата за бременост. Постојат и постари жени кои веќе имаат семејство и не се подготвени да имаат уште едно дете.

Тоа не е дека тие лажат и не кажуваат никому дека се бремени,туку едноставно не се свесни за она што се случува со нив.

Американката Аманда Бургер, мајка на единаесет синови, и нејзиниот сопруг, премногу сакале да добијат уште едно бебе. Тие не биле подложени на некој посебен третман, ниту пак користеле контрацепција, туку тргнале со помислата ако е судено, ќе дојде.
Во еден момент,оваа жена од Ајова почувствала невообичаени симптоми, и во период од неколку месеци направила три  тестови за бременост. Сите биле негативни. Таа немала мачнини, ниту било какво гадење, и ниту еднаш не почувствувала внатрешен удар во матката од своето бебе.
Она што зачудува е дека таа редовно имала менструален циклус. Во текот на “несвесната“ бременост оваа жена се здебелила околу 10 килограми.

Кога била во триесет и шестата недела од бременоста, во 4 часот наутро се разбудила со неописливи грчеви во пределот на стомакот. Таа не можела да застане на нозе од болки, а нејзиниот сопруг веднаш ја одвел во болница, каде што по наредба на лекарите кои се сомневале дека и пукнало слепото црево, била испратена на  ултразвук.
За среќа, во согласност со стандардниот протокол, и направиле тест за бременост,  и откако утврдиле за што се работи ја пренеле во породилното одделение каде што Аманда на свет донела здраво девојче.

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1