Како изгледа новата банкнота од 50 евра?


Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 50 евра која треба да ја замени најчесто фалсификуваната европска банкнота.50-eura

На новата банкнота има портрет од божицата Европа, лик од грчката митолгија. Има подобрени безбедносни карактеристики и ќе биде пуштена во оптек во април 2017 година.

Секоја банкнота ќе трае четири години, а нејзината изработка чини меѓу шест и 10 евроценти.

Според проценките, просечен Германец во кој било момент има најмалку 100 евра во новчаник, а околу 80 отсто Германци и Австријци уште купуваат во кеш. Во САД тој процент е 40 отсто, а во Шведска 20 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1