Тимот на британските доктори кои користејќи ја магнетната резонанца за да ги измерат масните наслаги кои се акумулираат во организмот откриле дека околу 40% од луѓето можат да се класифицираат како “тенки однадвор, а дебели од внатре”. Според зборовите експертите таа “скриена дебелина” има големо влијание врз развојот на кардиоваскуларните болести и дијабетесот.
Затоа пораката е следна: слабите луѓе не би требало да бидат задоволни со самото тоа што се тенки, туку би требало да размислат за тоа дали се здрави.
Дали некогаш сте ги мереле стомачните масти? Дали знаете каде се наоѓа таа маснотија и како се создава?
Тоа е средна дебелина на масти, опфаќа маст на панкреасот, црниот дроб и под стомачното ткиво и има различни, поопасни карактеристики од поткожните. Висцералниот тип на дебелината е израз на особината на масните клетки да лачат активни супстанции, како што се хормони, протеини, цитокини, кои директно влијаат на крвните садови и се развива атеросклероза, можните последици се срцевиот удар и мозочен удар. Дури и навидум слабите луѓе можат сериозно да настрадаат поради акумулација на висцерални масти во абдоминалните ткива. Тенки, а дебели? Да, и тоа е можно.