Научниците од Универзитетот во Сиетл развиле компјутерска програма со која од една фотографија на дете создава слики кои покажуват како детето ќе изгледа низ различни фази од животот.
„Illumination-Awerw Age progression“, е програма која може да предвиди како би изгледало едно дете кога ќе порасне.
Научниците сметаат дека оваа програма би можела да биде од помош и на полицијата, бидејќи во светот секојдневно исчезнуваат многу мали деца кои не се пронајдени со години.
Со помош на програмата може да се види како би изгледало бебе кога ќе има до 80 години.