Смртта на поранешниот амбасадор на Казахстан во Австрија, Рехат Алијев, предизвикала бројни сомнежи, поради фактот што Алијев се обесил во својата ќелија во седечка положба. Неговиот адвокат, Манфред Аинедтер, не верува дека поранешниот дипломат извршил самоубиство.
“Тоа е најмачниот начин да се умре. Такво нешто најверојатно никој не би си направил на себе, посебно не некој кој е лекар, како што беше Алијев”, рекол Аинедтер.
Додека адвокатите на поранешниот амбасадор тврдат дека Алијев не извршил самоубиство во затворската ќелија, туку дека бил убиен, казахстанските дипломати не веруваат во неговата смрт и бараат потврда за истата.
Инаку, Алијев бил поранешен зет на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, и носител на многу функции во државата, а паднал во немилост кај шефот на државата, откако се појавиле сомнежи дека нарачал киднапирање и убиство на двајца угледни казахстански банкари.
Казахстан од Австрија побарале депортирање, на кое Алијев се спротивставувал, сметајќи дека нема да им чесно судење во својата татковина. Во затворската болница во Виена, Алијев, како што е наведено, извршил самоубиство кон крајот на февруари.