Работодавците во Германија можат да вработат работници надвор од ЕУ ако кандидатот има диплома од високо образование, ако договорот за вработување е во согласност со германските закони и доколку годишната бруто плата на странските експерти е повисока од 44,800 евра, односно 34,944 евра за струки каде најмногу недостасува работна сила. Висината на платата се утврдува со колективните договори, така што платата ќе биде иста како и за државјаните на таа држава.
За странските ИТ-експерти и инжењери не се бара признавање на дипломата. Признавање на дипломата е неопходно само за одредени професии, како што се лекари и тој процес се решава во рок од три месеци.Доколку дипломата не одговара на германските барања, можно е да се спроведе дополнителна обука или недостатоците да се надополнат со работно искуство.Посебен услов за странските државјани е познавање на германскиот јазик на ниво Б2.
Барани работни места во Германија:
– лекари, медицински сестри и негуватели
– ИТ експерти
– експерти од областа на роботиката
– електричари
– машиновозачи
Потребно за конкурирање:
– квалификации еднакви на оние во Германија
– познавање на германски јазик на ниво Б2
– диплома од високо образование
– договор за вработување во согласност со германските закони
– годишна бруто заработувачка повисока од 44.800евра
– општ, санитарен и здравствен преглед
Извор – Точка.мк