Поранешен американски воен стратег, смета дека инвазијата во Ирак е најголемата стратешка грешка на САД, после онаа на Хитлер во Русија во 1942-та.
Дејвид Килкален, кој беше втор човек на американското министерство за одбрана смета дека подемот на Исламската држава се должи на инвазијата на САД во Ирак во 2003-та година.
„Нема сомнеж дека ИСИС немаше да постои да не го нападневме Ирак“, изјави советникот Килкакен.
Тој беше главен стратег во Кабинетот за антитероризам, кој требаше да осмисли стратегии против бунтовниците во Ирак, Пакистан, Авганистан, Рогот на Африка и југоисточна Азија, пишува Индипендент.
Килкакен сега смета дека Западот не успеа соодветно да реагира на насилството што почна во Сирија во 2011 по Арапската пролет, ниту на крахот на поредокот во Либија откако во земјата истата година интервенираше НАТО.
Тој смета американските и европските сојузници направиле “рецепт за неуспех”, затоа што не можат да најдат рамнотежа меѓу уништување на Исламската држава од една страна и соборувањето на претседателот Башар ал Асад од друга.