Како сами да си направите бадемово млеко – ги зајакнува нервите и мускулите, за цревата е антисептик


Овој вид на млеко не може да се најде на рафтовите од маркетите, но затоа лесно може да се подготви дома.

DSCN3707-e1b231-800x747

Од благо сладникавото и со препознатлив вкус јаткасто овошје може да се подготви млечен напиток кој ќе биде богат со калциум и витамин Д, но сиромашен со протеини. содржи само 60-90 калории по чаша.

Полно е со витамин Е, моќен антиоксидант кој има улога за спречување на предвременото стареење. Освен овој витамин содржи и витамин Д, калциум, магнезиум, селен…

Бадемот ги зајакнува нервите и мускулите, поволно делува на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето.

Бадемовото млеко е одличен извор на протеини и влакна. Нема холестерол и заситени масти како што има во кравјото млеко. Ова млеко не содржи лактоза и казеин.

Состојки

  • 100 г бадеми лупени
  • 1 л вода
  • 3 лажици агавин сируп или 6-7 урми

DSCN3692-38e0cb-300x300

Подготовка

Бадемите ставете ги во вода да одстојат преку вечер.

Водата во која што стоеле исфрлете ја и измијте ги бадемите.

Накиснатите бадеми лесно се лупат, за подготовка на ова млеко се препорачува да се лупени, бидејќи во самата лушпа има една горчива материја која и не е баш од големо значење.

Вака накиснатите бадеми ослободуваат хранливи ензими кои се многу добри за воспоставуванје на алкална средина во организмот.

DSCN3694-1af893-300x300

Лупените бадеми ставете ги во блендер заедно со агавиниот сируп или урмите (а и немора да го засладувата доколку не сакате) и додадете ја водата, цела или половина во зависност од големината на блендерот.

Оставете го млекото во шише или тегла за да се сталожат покрупните парчиња од бадемите и прецедете го. Мене ми е и така убаво, па воопшто не го прецедувам.

Може да го чувате млекото вака подготвено во фрижидер 3 – 4 дена и да го користите како алтернатива за кравјо млеко, за со мусли, десерти…

Одлична и многу поздрава алтернатива за млеко кое е многу побогато со калциум и одлично за алкализирање на организмот.

moirecepti.mk
bademovo mleko
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1