Еве кои субјекти се ослободени од плаќање административна такса


За списите и одредени дејствата во управните работи кај органите на државната управа,органите на општината, органите на општините во Градот Скопје и органите на Градот Скопје се плаќаат административни такси. Административната такса се наплатува според таксена тарифа која е уредена во Законот за административните такси.

Таксената обврска настанува за:

uplatnica1) поднесоците – во моментот кога се предаваат, а за поднесоците дадени на записник – кога записникот се составува;

2) решенијата, дозволите и други исправи – во моментот на поднесувањето на барањето за нивното издавање;

3) управните дејства – во моментот на поднесувањето на барањето за извршување на тоа дејство; и

4) решенија, дозволи и други исправи во моментот на издавање на истите, и за поднесоците за нивно издавање кога се поднесуваат во електронски облик.

Таксата се плаќа во моментот на настанувањето на таксената обврска, ако за одделни случаи не е поинаку пропишано, а доколку  со таксената тарифа е пропишано таксата да се плаќа според вредноста на предметот, како основица за одмерување на таксата се зема вредност означена во поднесокот или во исправата.

Од плаќање такса се ослободени:

1) државните органи;

2) општината и Градот Скопје;

3)Органите и организациите на Република Македонија;

 4) јавните служби од областа на науката, образованието и воспитувањето, културата, здравството и социјалната заштита;

5) Институцијата за платен промет во Република Македонија за списите и дејствата во постапка кај државните органи во работите кои се однесуваат за вршење на работите од својата надлежност;

6) Црвениот крст на Македонија;

7) добротворните противпожарни друштва, нивните противпожарни единици и сојузи во работите од нивните основни функции;

8) куќните совети во работите на управувањето со зградата, а месните заедници во работите на својот делокруг што ги вршат непосредно;

9) организациите основани заради борба против алкохолот, ракот, дистрофијата и сидата – за списите и дејствата при вршењето на таа дејност;

10) организациите основани за заштита на лицата со физички или психички недостатоци и нарушувања – за списите и дејствата во врска со вршењето на тие дејности;

11) Сојузот на глувите и Сојузот на слепите и нивните организации– во работењето во врска со рехабилитацијата на глуви и слепи;12) претпријатија за вработување на инвалиди, освен работите при вршењето на стопанска дејност;

13) странските дипломатски и конзуларните претставништва во вршењето на дипломатските и конзуларните работи – под услов на реципроцитет;

14) воените инвалиди од војните, мирновремените воени инвалиди и инвалидите на трудот, децата кои се уживатели на семејна инвалиднина и децата уживатели на лична инвалиднина до навршени 25 години од животот – за списите и дејствата во врска
со школувањето во сите школи;

15) инвалидите кои се ослободени од плаќање на годишни надоместоци за употреба на моторни возила – во постапката за стручен преглед на тие возила заради регистрација;

16) граѓаните за пријава на конкурс и оглас за засновање на работен однос и други поднесоци, за актот за засновање работен однос – како и за списите и дејствата во врска со остварувањето и заштитата на правата од работен однос;

17) работниците кои привремено се наоѓаат надвор од работен однос, во постапката за добивање на материјално обезбедување и за други права кои по тој основ им припаѓаат;

18) учениците во училиштата за задолжително школување за сите списи и дејства во врска со задолжителното школување;

19) лицата кои го подаруваат својот имот на Републиката или се откажуваат од правото на сопственост на земјиште во полза на Републиката или бесплатно и ги отстапуваат на Републиката, другите стварни права на недвижности – во постапката за добивање на исправи потребни за пренос на сопственост или други стварни права, како и за самата постапка за пренос;

20) граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според Законот за социјална заштита;

21) иселеници од Република Македонија и лица со потекло од Република Македонија во постапка за стекнување на државјанство;

22) синдикалните организации за барања доставени до Министерството за надворешни работи за кои е потребен ангажман на дипломатските, односно конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, со цел за заштита на права или
застапување на државјаните или правните лица на Република Македонија по повод мерките кои се во спротивност со меѓународните договори, начелата на меѓународното право или меѓународните обичаи.

Кога постапката е покрената по барање на повеќе лица од кои некои се ослободени од плаќањето такса, сите такси во таа постапка ги плаќа лицето кое не било ослободено од плаќање такса. По исклучок, ако одмерувањето на таксата се врши според вредноста
на предметот лицето кое не е ослободено од плаќање такса, такса плаќа само на делот од вредноста која се однесува на него.

–ПРАВДИКО–

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1