Вечерва во 19:00 часот пред музејот на холокаустот ќе се оддржи мини концерт на кој ќе земат учество фолклорни групу од Израел, Македонија и БиХ. Настанот е во организација на КУД Карпош во соработка со Музејот на холокаустот
Групата Hora Ashkelon од Израел е составена од возрасни уметници кои своите кореографии ги изведуваат повеќе од 10 години заедно. Во рамките на својот реперторар тие ги опфаќаат игрите и фолклорните традиции на Израелскиот Фолклор, од првите денови на својата држава до денес.
Во својот сплет на игри тие ги опфаќаат и традициите на многуте имигрнати и разни етнички групи кои го населувале Израел одкако е прогласена за независна држава. Со себе тие ги носат и навиките, традициите, костумите како и песните и игрите. Во нивниот перформанс детално се опишува нивната култура, обичаите и тоа преку оригиналните костуми, музиката и секако игрите и ората. Со ансамлбот раководи уметничкиот директор Mr. Izik Mayan кој е еден од најдобрите во Израел.
Во Македонија групата од Израел, има мини турнеја со програма на посета на Скопје, Охрид, Битола и други градови од Македонија вклучително и приемот во Амбасадата на Израел во Скопје како и посета на Спомен Музејот на жртвите од Холокаустот во Скопје. Секако со групата во Македонија ќе присуствуваат и Економски и туристички промотори кои ќе пренесат позитивни емоции во својата земја за Република Македонија.
Заедно со нив вечерва во 19 часот пред музејот на Холокаустот ќе настапи и македонска фолклорна група. Доколку сакате да видите во живо како изгледаат израелските ора и песни, Музејот и групата ги покануваат сите да присуствуваат на концертот вечерва.