Како се извлекуваат парите од офшор компаниите


Државното правобранителство уште пред три години од некои земји побарало инфомации за тајни банкарски сметки, во екот на големите корупциски скандали и гласини за вадење на пари. Инспекторите уште пред три години се сомневале на перење на пари, па од некои земји барале детали за тајните сметки. За некои добиле, за некои сеуште чекаат, а тие пак не смеат да ги обелоденат поради тоа што спаѓаат под доверлива тајна.

pariИзбегнување на данок
Значи, причините за отворање на ваквите компании, главно е поради избегнувањето на данокот. „Ваквите бизниси се отвораат и работат во прикривање на вистинскиот извор на приходи за покривање на вкупниот износ на пари кои го имаат на располагање некои од богатите семејства. Често пати тоа има врска со парите од нелегални извори, за влечење на нелегални активности, што значи дека се работи за извлекување на пари од нелегална незаконска активност. Значи причината не е само од природата на данокот“, вели Џон Маријана од економскиот факултет во Загреб.

Регистрацијата на ваквите компании е екстремно лесен. Може да биде и онлајн. На пример, во еден од островите може да се отвори офшор компанија. Даноците во овие земји се минимални или непостоечки. Плаќаат само надомест за одржување на 200-300 долари годишно. Нема изработка на финансискиот годишен извештај. Островската држава го заштитува идентитетот на инвеститорите. Во суштина тоа го прават претприемачи кои сакаат да го сокријат потеклото на нивниот имот.

banka pariМинистерството за финансии открило дека во последните неколку години, ваквите компании или делимично или целосно создаваат фиктивни услуги.
„На тој начин утврдивме отприлика 2,5 милијарди куни кои ги процесуиравме кај сите случаи, а исто така ја известивме и даночната управа“, вели Бранко Шегон, помошник министер за финансии.
Преку офшор компаниите, се вртат еден куп на хрватски пари. Од 2004 година до 2012 година, банките и другите даночни обврзници од Управата за спречување на перење на пари, пријавиле разни трансакции. Воглавно од Лихтенштајн, Британските Девствени острови, Кипар и на Бахамите

Парите најчесто излегуваат за викендите.
Министерството веќе знае, обично дека најголемата количина на пари излегува за време на викендот или празниците.
„Имавме случаи каде што се пренесуваат и во петокот, па потоа во саботата минува трансакцијата, по што не известуваат меродавните тела и ние потоа некогаш ќе делуваме, да известиме дека таа трансакцијата нема да се изврши додека не се изврши проверката на парите или нивното потекло“, вели Шегон.

covek pariТајната за даночната оаза, богаташите ја користат веќе цела деценија. За некои од Хрватска, надлежните органи веќе почнале да трагаат.
„Ние побаравме од сите држави, податоци за ваквите сметки, дел ги добивме, а останатото кога ќе го добиеме ќе ги известиме и медиумите“, изјавил главниот државен обвинител Младен Бајиќ.
Ваквата изјава Бајиќ ја има дадено пред три години. Ова се доверливи и тајни податоци велат денеска и повеќе детали не можат да биде објавени. Министерството за финансии соопшти за клучниот проблем во следењето на бизнисите кои до сега не е ниту ефикасен ниту брз.
Какви промени ќе се воведат и како ќе се принудат бизнисмените кои не плаќаат даноци, а се кријат во различни земји, засега не е наведено.
Само се најавени методите на проверка со кои би требало да започнат уште оваа година, а ефектите како што тврдат би требало да се видат допрва.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1