Како се обезбедува и колку банките го контролираат трезорот


Банките треба целосно да бидат подготвени на оперативен ризик или загуба која настанува како резултат од неадекватни и неуспешни внатрешни процеси, луѓе или системи, сметаа дел од поранешните гувернери на народната банка кои ги консултираше Тв Нова за тоа какви се условите и прописите на трезорското работење, по големиот грабеж во Тутунска банка.

Работата со готови пари ја регулира централната банка, ама и секоја од комерцијалните банки со интерни прописи. Така според документ од Народна банка, трезор е специјална просторија изградена од челик бетон или друг цврст материјал, со трезорска врата и најмалку две брави со различни клучеви, од кои секој има резервен клуч.banka-trezor

Трезорот во банките мора да биде лесно пристапен за полицијата во случај на закана, просторијата каде што се бројат парите мора да е со ограничено движење и контрола на секој што влегува, трезорот треба да биде обезбеден со сигурносни системи, непрекинато снимање на камера, аларм, сензори за пожар и систем за контрола на пристапот. Како услов пропишува и деноноќно физичко обезбедување на просторијата каде се бројат парите.

Ако се следат прописите и искуствата од минатото со трезорски кражби тогаш контролниот систем на банките не би требало да потфрли, смета потанешниот вице гувернер на народна банка томе неновски

Во некои од банките во регионот една од мерките на безбедност е трезористите да бидат облечени во комбинезони без џебови. Но она што треба истражителите ама и внатрешната ревизија на банката да го откријат е и тоа како и кој му дозволил на трезористот да излезе со украсна кеса полна со пари надвор од работното време, како толку време останала незабележана разликата на изнесените пари од трезорот со тие испраќани преку авион…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1