Истражувачите за прв пат можат да докажат дека внесувањето на сребро може да предизвика аргирија, ретка состојба поради која на пациентите им ја посинува кожата. Она што е интересно е тоа што честичките кои што се внесуваат, не се истите тие кои што го предизвикуваат ваквото нарушување.
Научниците со години веќе имаат сознанија дека аргиријата е состојба од која кожата посинува и дека истата има поврзаност со среброто.
Состојбата била забележана и документирана кај луѓе кои што конзумирале антимикробни здраствени тоници, кои содржат наночестички од сребро и кај луѓе кои имале алтернативни медицински третмани, вклучувајќи го среброто во истите.
Во примероците од ткивото на пациентите, се покажале сребрени честички навлезени длабоко во кожата, но не било јасно, како истите стигнале таму.
Како што се испоставува, аргиријата е предизвикана од комплексна серија на хемиски реакции.
Група научници откриле дека наносилверот кородира во стомакот како киселина и на ист начин како што тоа го прави во други кисели средини. Корозијата на атомите, на електроните на среброто, формираат позитивни електризирани јони. Овие јони лесно можат да се апсорбираат во крвотокот преку каналите кои апсорбираат секакви видови на сол.
Сребрените јони лесно се врзуваат со сулфурот кој е присутен во крвните протеини, кои што можат да им овозможат проток низ крвотокот. Некои од овие јони на крајот завршуваат во кожата, каде што се изложени на светлина.
И покрај неговата потенцијална токсичност, среброто со векови било ценето по својата способност да ги убие бактериите. Регулаторите имаат воспоставено лимити за изложеноста на среброто при преработката на храната, но постојат и прашања за тоа дали треба да има посебни ограничувања за истото.