Како светската елите перела и затајувала пари? Путин сокрил имот од 2 милијарди евра


Протече најголемата дата база на податоци за компании досега со податоци од Панама која обелодени фирми и финансиски тајни на светски лидери, политичари, јавни службеници, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот .panama_papers

Адвокатски фирми и финаскиски консалтинг компаниии им помагале на овие луѓе да перат пари и да кријат имот ширум светот.

Според овие документи претседателот на Русија Владимир Путин сокрил имот вреден 2 милијарди евра преку фирми и зделки во Панама.

Премиерот на Исланд кој во моментов се соочува и со предвремени избори и за него се откри дека и тој криел имот во офшор земјите.

Меѓу нив е и еден од најпознатите светски фудбалери, Лионел Меси. Според истражувањето парите ги скрил заедно со неговиот татко Jorge Horacio преку фирмата Мега стар ентертејменс.

Меѓу затајувачите е и претседателот на Украина, кралот на Саудиска Арабија, децата на претседателот на Азербејџан и многу други. За тежината на оваа протечена база на документи говори и фактот дека вечерва по објавувањето премиерот на Велика Британија Дејвид Камерун најави организирање на итен Самит на лидери на кој ќе се разговара за опасностите и заканите од концептот на офшор држави.

Гардијан во соработка со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), составен од над 80 земји, објави документи од над 140 офшор компании од Панама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1