Како традиционално се дочекува и прославува Нова година во земјите во светот?


Во секоја земја на светот постојат различни обичаи за дочекот и подготовките за Нова година. Ви донесуваме неколку земји од светот, т.е. како жителите на некои земји во светот ја слават и дочекуваат Новата година…

Обичаите низ историјата

Симболично, Новата година претставува обновување на животот, а обичаите поврзани за тој ден влечат корени од далечното минато. Славењето на испраќањето на старата и доаѓањето на новата година е прастар религиски, општествен и културен обичај во речиси сите делови на светот.

nova godina

Историјата на прославувањето на Новата година точно не е утврдена, но се смета дека Вавилонците тоа го правеле уште пред 4.000 години. Римјаните исто така славеле Нова година, но нивниот календар се менувал со секој нов владетел, се додека римскиот сенат во 153 година пне. не го означил 1 Јануари за почеток на Новата година.

Според едно од многуте толкувања, Германците први во 16 век вовеле обичај за китење на елка. Легендата вели дека китењето го започнал основачот на протестантизмот Мартин Лутер. Лутер, шетајќи низ шума бил воодушевен од илјадници ѕвездички кои светкале низ гранките на елките. Толку бил воодушевен што исекол мала елка и ја однел дома на своето семејство. За да ја оживее истата убавина која ја видел во шумата, закачил мали свеќички на гранчињата. Во Европа и Америка китењето на елка станува популарно во 18 век. И денес ширум светот, со многу помпа, шампањско вино, размена на подароци и огномет, се слави Новата година. Некои новогодишни симболи опстанале низ сите цивилизациски промени.

Секоја земја има свои новогодишни обичаи: Шпанците, на пример, во полноќ јадат грозје и тоа по 12 зрнца грозје, за да бидат среќни 12 месеци во годината. Грците јадат колач во кој се наоѓа паричка, која носи среќа во Новата година, првото парче од лебот е за малиот Исус, второто за таткото на семејството, а третото за куќата, а ако паричката се најде во третото парче, таа година рано ќе дојде пролетта, а семејството може да се надева на среќа цела година. Исто така, Грците имаат уште еден обичај поврзан за Новата година, често покануваат посебен пријател или член на семејството да влезе прв во домот, за кој се верува дека ќе внесе среќа и ќе спречи лоши работи.New Year's Eve celebrations, London, Britain - 31 Dec 2012

Јапонците дочекот на Нова година го одбележуваат цел ден. Тие почнуваат во утринските часови кога ја чистат куќата, процес познат како оусоуји, симболично ја истеруваат правта од минатото и го подготвуваат домот за успешна нова година. Завршниот чин на прославата во Јапонија е слушањето на одѕвонување на часовникот кој се огласува 108 пати со што се смета дека несреќата, незадоволството и себичноста се истерани.

Во Бразил, покрај неверојатните забави за дочекот, кога познатата плажа Копакабана е полна со посетители, постојат и традиции кои ги прават жителите на таа земја со што ја поздравуваат годината што доаѓа. Во таа земја е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека за среќа и мир во годината која следи. По славењето на полноќ со музика, огномент и вечера, Бразилците одат на плажа каде прескокнуваат седум бранови, фрлаат цвеќе во океанот, додека некои палат свеќи во песокот што претставува древен ритуал кој треба да донесе среќа и богатство во следната година.

Ноќ полна со огномет

Германците не можат да ја замислат новогодишната ноќ без огномет. Тие секоја година за огномет трошат 100 милиони евра. Традицијата во новогодишната ноќ да се направи галама потекнува уште од средниот век кога луѓето ѕвецкајќи оделе по улиците за да ги растераат лошите духови. Трпезата за најлудата ноќ е симболична, супа или печено свинско се симбол за благосостојба, а рибата значи добра иднина, бидејќи секогаш плива напред.new_year_italy

Австријците за Нова година подготвуваат свечен ручек со печење, како симбол на среќа и благосостојба. За десерт имаат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа. Тоа се главни услови за обезбедување на среќа во новата година за тој народ.

Да се подари бакнеж во полноќ во Америка потекнува од маскенбали кои биле вообичаени во текот на историјата. Според традицијата, маските ги симболизирале лошите духови од старата година, а бакнежот претставувал прочистување во новата година. Во САД многу зедници на печурките и на црниот грав гледаат како на симболи за среќа и поради тоа ги сметаат за традиционална новогодишна вечера на трпезата.

Британците се плашат кој прв ќе им дојде на гости, бидејќи според старите верувања, тоа значи колку среќа ќе имаат во новата година. Ако на гости им дојде маж со подароци, тие се вистински среќковци, но лошо е ако првиот гостин е женско лице.

Во некои земји во светот се верува дека се што е во форма на прстен носи среќа, бидејќи симболизира полн круга, т.е. крај на еден циклус. Па така Холанѓаните за Нова година јадат крофни, бидејќи веруваат дека тие носат среќа во новата година.

Италијанците нај лудо ја прославуваат Нова година, бидејќи веруваат дека од поголема галама злото побргу ќе побегне. Од куќата се фрлаат сите стари непотребни работи, од мебел до облека и тоа низ прозор. Стари сицилијански обичај вели дека среќата во новата година ќе дојде на тие кои на Нова година ќе јадат лазањи, несреќа е кога на тој ден се јадат макарони или било која друга тестенина освен лазањи.

Норвежаните за новата година се частат со пудинг од ориз, а во самиот пудинг кријат бадем. Пудингот се сервира во голема чинија, во кој се наоѓа само еден бадем. Се послужува во чинии и се верува дека лицето кај што ќе се падне бадемот ќе го следи среќа и богатство. Данците во новогодишната ноќ влегуваат со многу скршени линии пред куќниот праг. Старите чинии се чуваат цела година и во полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Многу скршени чинии ги симболизираат пријателите како општествено богатство.

Кубанската традиција налага на полноќ да се изедат 12 портокали, кои се симбол за 12 месеци во годината, а почитувањето на тој обичај треба да донесе среќа.

Жителите на далечната Австралија Новата година ја одбележуваат со свирчиња, труби, па дури и црковни ѕвона, а се се случува на плажите каде обилно се точи шампањ. Да не го заборавиме спектакуларниот огномет во Сиднеј над заливот и операта.

Црвени декорации

На Нова година во Кина сите врати се украсени со нешто црвено, бидејќи црвената боја е симбол за среќа и радост. Иако сите семејства се подготвуваат за прослава на новогодишната ноќ, од домовите се кријат сите ножеви на 24 часа, некој да не се повреди бидејќи таа незгода би значела дека тоа лице се пресекло, т.е. ја спречило семејната среќа во претстојната година. Со оглед на тоа дека доаѓањето на Новата година се користи за посета на далечни роднини, голем број на луѓе одат на пат, што доведува до гужви во сообраќајот во земја која има 1,3 милијарди луѓе. Неколку дена пред доаѓањето на Новата година секое семејство забрзано и детално ја чисти својата куќа, да ја исфрли несреќата од неа. Вратата и прозорите се декорираат со украси од хартија кои третираат теми на среќа, богатство, долговечност и среќен брак со многу деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1