Како умреа момчињата кај Смилковското езеро – сведочеа вештаците


monstrum1Вештаците кои ја извршуваат аутопсијата на жртвите на масакрот кај Смиљковското Eзеро денеска пред скопскиот Kривичен суд ги изнесоа своите наоди.

За секој од петмината убиени во масакрот, што се случи во април минатата година, судските вештаци во детали објаснија какви рани им биле нанесени и која била точната причина за смртта.

Според вештаците, причина за смртта на Цветанчо Ацевски било задушување откако белите дробови му се наполниле со крв по проектилот што го погодил во главата.

Филип Славковски починал поради оштетување на срцето од проектил што влегол од градната страна.

slika od decataЧетири прострелни рани биле забележани на телото на Кире Тричковски, од кои три прострелни и една застрелан.

Александар Наќески бил погоден со најголем број на куршуми – осум. Три завршиле во градите кои смртоносно му ги оштетиле срцето и белите дробови.

slikaborceubien214

На Борче Стефковски му било пукано во главата. Тој, како што објаснија вештаците, бил погоден со четири проектили.

Обвинетите за свирепото убиството на четирите момчиња од Радишани и средовечниот жител на Црешево без било каква реакција на рочиштето ги следаа зборовите на вештаците.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1