Нема евтина струја – Иницијативата на АМАН не доби поддршка во Собранието


Републичкото Собранието на попладневното продолжение на 54. седница не даде поддршка во прво читање на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, поднесен од 13.169 избирачи преку граѓанската иницијатива АМАН.

aman2Во општата расправа од страна на поднесувачите на иницијативата беше посочено дека со законот се бара да се врати ефтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.

Претходно, на седницата на матичната собраниска Комисија за економски прашања, заменик-министерот за економија Христијан Делев образложи дека правно предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот бидејќи цената на електричната енергија и на парното греење и се што е поврзано со тоа се регулира во подзаконски акти односно во тарифникот кој е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

На собраниската седница треба да се гласа по Предлог законот за изменување на Законот за Академија на судии и јавни обвнинители, во прво читање, поднесен од Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, за кој немаше пријавено пратеници за општата расправа.

На барање на ДПА, прогласена е едночасовна пауза, која и денеска го искористи деловничкото право да побара пауза во знак на протест поради стандардизираниот начин на пренесување на седницата на програмата на Собранискиот канал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1