Како во филм на Џемс Бонд – Еве како за 12 часа е спасен рускиот копилот


Кога погодениот авион се вратил во сириска територија, пилотот и копилотот се катапултирале пред да се урне во планинскиот терен. Но, при спуштањето на падобранот ги забележале сили на туркменски бунтовници, кои се борат против рускиот сојузник, сирискиот претседател Башар ал-Асад, па отвориле оган кон нив. Го погодиле пилотот Олег Пешков кој мртов слетал меѓу нив, додека копилотот и навигаторот Константин Мурахтин имал повеќе среќа.

Avion_967541S1

Него ветрот го однел неколку километри подалеку кон областа што е блиску до силите на Асад. Таму чекал долги 12 часа, пред да го спасат сириските командоси. Операцијата за спасување воопшто не била лесна-Русите на местото на падот на авионот пратиле два хеликоптера, а еден од нив бунтовниците го погодија со проектил. Хеликоптерот мораше присилно да слета, а еден војник погина за време на нападот.

Бунтовниците тврдат, а за тоа приложија и снимка како доказ, дека хеликоптерот го погодиле со проектил ТОW од американско производство.

„Беше како во некој филм на Џемс Бонд“, се пофали портпаролот на една од бунтовничките групи на Закариа Ахмад.

После тоа, верзијата на случувањата варира. Сириската војска тврди дека акцијата била спроведена заедно со руските сили и дека нивните командоси навлегле 4 километри во непријателска територија за да го вратат копилотот. Сириската верзија на приказната ја потврдија и Русите, кои истакнуваат дека Мурахтин е спасен во заедничка операција со нивните сили.

Но, други пак тврдат дека во придружба на сириските командоси всушност биле борци на лисабонскиот Хезболах и дека Мурхатин се наоѓал на територија на која ниедна страна немала свое упориште, што де факто значи дека станува збор за ничија земја.
Таа верзија на приказната ја објави портпаролот на бунтовничката група Шам Фронте, која е поврзана со Слободната сириска војска. Додаде дека пилотот слетал во планинско и шумско подрачје, а жителите од околината цела ноќ слушале звук на хеликоптер.
Рами Абдурахман од сириската опсерваторија за човекови права исто така смета дека копилотот слетал на ничија земја, иако технички бил зад непријателските линии. Тој тврди дека операцијата за спасување ја спровеле Русите, кои со ЏПС го лоцирале копилотот и сириските командоси, на кои им требале часови да го извлечат на сигурно подрачје.

Сам Мурхатин не зборуваше за акцијата за спасување, но затоа јасно истакна како тој и неговиот пилот не го повредиле турскиот воздушен простор и не добиле никакво предупредување ако тоа го направиле.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1