Како време нè очекува следните денови?


Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините ќе бидат од снег.mk skopje vodno sonce22

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, информираат од УХМР.

Времето денес е претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините од снег. Повеќе ќе бидат застапени во крајните западни делови на земјава, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 7 степени.
Скопје претежно облачно, попладне со повремен дожди со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1